Армијата одржува ред пред банките и маркетите во Прилеп

За граѓаните да одржуваат растојание, Општина Прилеп постави налепници пред банките и маркетите во градот на кои пишува „Стој овде“.

Во одржување на редот, ќе се вклучи и Армијата.

„Истовремено, во обезбедување на редот пред банките и маркетите, каде што и покрај многубројните апели за држење на растојание се создаваат непотребни метежи, од денеска ќе бидат вклучени и претставници на Армијата на Република Северна Македонија“, велат од Општината

- Реклама -