Директно од Шкотска доаѓа првото пиво во светот со 65 проценти алкохол – Armageddon кое чини околу 64 американски долари по шише.
Во последно време се чини дека пиварите се во постојана трка да излезат пред конкуренцијата со што е можно повеќе алкохол во нивните пива. Иако резултатите често се фантастични, како на пример Black Tuesday на The Bruery со неговите 18,3 проценти алкохол и Tactical Nuclear Penguin на Brew Dog со 32 проценти, некогаш тие можат да бидат и катастрофални.
Претходниот носител на рекордот Најсилно Пиво во Светот беше Finis Coronat Opus на Kleinbrauerei Schorschbräu од Германија. Иако пивото им донесе доста популарност и репутација во светот на пивата, многу луѓе не беа задоволни од вкусот и текстурата на пивото (силните пива често ја губат минерализираната текстура).
Сега Brewmeister Brewery од Шкотска се подготвува да го претстави Armageddon, силно пиво со 65 проценти алкохол. Тоа значи дека ова пиво е посилно од водка, текила и виски. Ова високо ниво на алкохол е постигнато со замрзната ферментација на пивото, со што водата замрзнува а алкохолот не. Мразот се отстранува по што пивото го задржува алкохолот.
Brewmeister препорачува потпивнување на Armageddon „како добро виски“ и тврди дека „и покрај тоа што има 65 проценти алкохол пивото сепак има вкус – со елементи на слад, хмељ и малку благ вкус.“ Armageddon ќе биде пуштен во продажба овој ноември.