Арктикот ослободува метан во атмосферата

Со топењето на долго замрзнатиот мраз во поларните региони џебови метан се ослободуваат по милениуми заробеништво. Ова би можело да биде многу лоша вест за нас поради температурата на планетата која веќе расте.

Само јаглерод диоксид е полош од метан кога се работи за гасови кои создаваат ефект на стаклена градина. Нивото на метан во атмосферата веќе се зголемува по кус период на релативна стабилност. Депониите и добитокот веќе се голем извор на метан, но овие релативно нови извори создадени од човекот се комбинираат со стари, заборавени извори од природниот свет.

Кејти Волтер Ентони и нејзиниот тим од Универзитетот од Аљаска во Фербенкс успеале да ги следат овие нови депозити на метан до нивните извори во Аљаска и Гренланд. Изворите се јаглен и гас кои биле заробени под мразот илјадници години, како и помлади наслаги на растителна материја во локалните езера.

Заедно тие создаваат големи количини на метан во атмосферата кои дефинитивно не се потребни. Во Nature Geoscience оваа појава, како и последиците за нас, се објаснети вака: „Голем дел од овие извори се во езера кои се наоѓаат на јужниот раб на мразот како и во фјордови крај глечери кои се повлекуваат.“

„Ако оваа врска се повтори во други региони каде што седиментарните басини се моментално прекриени со мраз и глечери, како во северниот дел од Западен Сибир, ќе дојде до пораст во нивото на метан јаглерод. Регионот содржи големи количини на природен гас и прекриен со тенок слој на мраз кој најверојатно ќе започне да се распаѓа до 2100 година, што би имало потенцијални импликации врз затоплувањето на килмата.“ [The Arctic is farting methane into the atmosphere]

- Реклама -