Иако требаше да настапи на MLB All-Star концертот, Аријана Гранде во последен момент поради проблеми со забите беше заменета со Деми Ловато.
Меѓутоа, се испостави дека 22 годишната пејачка имала многу поголеми проблеми во кои е вклучена и полицијата.
Младата ѕвезда направи сцена во една продавница за крофни, така што таа и нејзиниот нов дечко, Рики Алварез, кој воедно е еден од танчерите на нејзините настапи, лижеле крофни додека мислеле дека не ги гледа никој.
Меѓутоа, сигурносната камера забележала се што се случувало.
Сепак, тоа не е крајот на испадите на ѕвездата. Кога една од вработените носи нова тура крофни пејачката извикува. „Што е ова ***? Ги мразам Американците. Ја мразам Америка. Ова е одвратно!“.
Иако, откако видеото се појави на интернет, Аријана се извини и порача дека ја сака својата земја и е горда што е Американка, а потоа се извини и за изборот на зборови, сопственичката на продавницата не е задоволна. Таа одлучи да ја тужи ѕвездата ( која меѓу другото не ги ни платила излижаните крофни), така што полицијата е вклучена во овој случај.