Канадскиот архитект и фотограф Дејвид Бурдени е автор на серија од фотографии кои покажуваат необична архитектура на дел од станиците за метро во Москва и Санкт Петербург.
За создавање на фотографиите, на авторот му биле потребни две недели и можеби тој е единствениот фотограф во светот кој добил дозвола (по повеќе од една година чекање) да ги фотографира овие метро станици ноќе, кога тие се затворени за патници.
Некои од постојките на метрото во Москва и Санкт Петербург, вклучени во проектот, се изградени во далечната 1935 година и се меѓу најсериозните архитектонски проекти на СССР.
Не е случајно и името на фотопроектот – “Русија: Светла иднина” (Russia: A Bright Future), бидејќи овие грандиозни проекти биле наменети со цел предвидување на посветла иднина за империјата.
Во многу од станиците биле распоредени бисти на советски лидери со пропагандни елементи како “Homo Sovieticus” (Советски Човек).
Со прекрасни високи тавани и грандиозни лустери кои се одразуваат во мермерните ѕидови, овие метро станици се споредуваат со “вештачки подземни сонца”.