Архитект планира да гради дрвен облакодер

дрвоИдејата да се изгради облакодер од дрво е навидум радикална но можеби не е толку чудна. Барем не за архитектот Мајкл Грин кој посочува дека дрвото има две големи предности пред бетонот и челикот кој редовно се користат во изградбата на големи структури – дрвото е пријатно кон околината и евтино.


дрво“Tallwood” би бил составен од големи панели од ламинирано дрво познато како laminated strand lumber – композит создаден со лепење на слоеви дрво. Дрвата се обновлив извор и помагаат во намалување на загадувањето во воздухот. 
дрвоЗа разлика од бетонот – кој создава околу 6-9 килограми јаглерод диоксид за секои 10 килограми бетон – дрвото го впива јаглеродот од атмосферата. И спротивно од популарното мислење дрвото исто така е и доста отпорно на оган. „Можеби звучи спротивно на интуицијата, но доброто справување со огнот е природно за големите парчиња дрва. Затоа во шумски пожари дрвата кои опстојуваат се оние најголемите“ изјавил Грин. [Architect plans to build a 30-story wooden skyscraper]

- Реклама -