Аргентина: „Малиот принц“ задолжително дело за деца на разведени родители

„Малиот принц“, една од највпечатливите книги за деца, од французинот Егзипери, ќе се искористи како терапија на децата чии родители се разведуваат- според закон.

Според судската пресуда, разведена двојка мора да им го чита на своите деца ова дело на сланиот писател и авијатичар, секој месец, еднаш неделно. Судот заклучил дека таткото и мајката така подобро ќе ги разберат своите деца и во нив ќе видат личности, пишува порталот „Seecult“.

Освен „Малиот принц“ задолжителни лектири ќе бидат и „Етика за Амадор“ на шпанскиот филозоф Фернандо Саватер, како и Конвенцијата за правата на децата.

Книгата „Малиот принц“ првпат е објавена во април 1943 година во Њујорк, на француски јазик. Подоцна стана најпреведувано дело на француската книжевност – објавена е дури на 270 јазици.

- Реклама -