Аргентина ги достигна Франција и Бразил по број на полуфиналиња

Аргентина со Лионел Меси обезбеди полуфинале на СП во Катар, второ за нив на трите последни Мундијали и дојде до своето петто во историјата откако се смени форматот на мечеви со класична нокаут рунда од 1986 година.

„Гаучосите“ со петтото полуфинале ги достигнаа Франција и Бразил на листата, а само Германија останува недопирлива со шест, но сега „триколорите“ имаат шанса да се израмнат, ако утревечер ја поминат Англија во четвртфиналната пресметка на овој 22-ри Мундијал.

- Реклама -