Arctic Monkeys снимаат нов албум

Бендот Arctic Monkeys најавува нов студиски албум, меѓутоа и промени во нивниот звук, па нивниот најнов носач на звук ќе биде пожесток од она што досега сме го слушале.

Наследникот на Suck It And See ќе биде помоќен и построг од сите претходни албуми, а како што пишува NME, членовите на бендот изјавиле дека ќе се концентрираат на стилот од нивните најжестоки нумери.

Фронтменот Алекс Турнер објаснил дека бендот ќе се движи по линијата на нивните најстроги песни, затоа што откако ја снимиле R U Mine, одлучиле дека сакаат да снимаат токму таква музика.

Тој додал дека најдобрите делови на нивниот последен албум Suck It And See биле токму жестоките делови, односно песните како Don’t Sit Down и Brick by Brick, а тоа е и насоката во која групата планира да се движи и во годините што доаѓаат.

Засега останува непознато кога новиот албум би можел да се најде во продажба.

{youtube}qOTRx3ZqjjI{/youtube}

- Реклама -