Аранѓеловац: Гром удрил во дрво, нашле ќуп со злато

0580730003c57e33f8454d2d5d7fde99-2400x1524_c[1]

Во ирските легенди, лепраконите ги кријат своите ќупови со злато на крајот на виножитото. Но бидејќи виножитото се гледа само од далеку, локацијата и ќупот со златото секогаш се само илузија.

Кој решил да го скрие својот ќуп на крајот од грмотевица – не знаеме, ама едно семејство од Аранѓеловац во Србија го најде. Во текот на невремето што ноќта на 10-11 август го погоди градот, гром удрил во стариот даб во дворот на Митровиќ.

„Се слушна страшен удар на гром, а потоа и силен тресок во нашиот двор. Громот погодил во дабот, кој има преку сто години. Видовме дека громот го уништил, ама до утрово не го поместував. Излегов со моторна пила и почнав да ги сечам гранките, и тогаш во самиот корен на дрвото видов нешто чудно. Ја растргнав земјата и видов ќуп полн со златници. Кога ги избројавме внатре имаше точно 2000, а вредноста се проценува на 300.000 евра, дури можеби и повеќе. Ќе видиме после проценката“, раскажа Марко Митровиќ за Аранѓеловац Инфо.

Brcko-hrast[1]

На забавната вест паднаа и пар забавни коментари, со кои ние како Македонци многу добро се поврзуваме:

„Оваа приказна е измислена. Државата ја пласира само за да нé убеди дека има перспектива во Србија. Само треба да нé удри гром“.

„Ова стварно не требаше да го објавите. Познавајќи го нашиот народ, сега ќе наебат сите малку постари дабови. Сега ќе настане масовна потрага по ќупови“.

- Реклама -