Apple започнува со производство на iPhone 5S во јуни

Смартфонот iPhone 5S на Apple се очекува со нетрпение на пазарот и покрај предвидувањата дека тоа ќе биде само надграден смартфон на iPhone 5 исто како што беше со iPhone 4 и iPhone 4S.

Според извештајот на Nikkan Kogyo Shimbun од Јапонија, снабдувачот на Apple – Sharp ќе започне со масовно производство на дисплејот на iPhone следниот месец. Исто така, и компаниите LG Display и Japan Display ќе доставуваат екрани на Apple за следната генерација на iPhone, тврди извештајот.

Останатите делови од смартфонот веќе почнаа да се појавуваат, па се очекува iPhone 5S да биде лансиран на пазарот рано на есен поради одложувања во производството, што го принудија Apple да го помести датумот за претставување кој првично се најавуваше во текот на летото.

iphone-5-header(2)

Следниот iPhone се очекува да биде доста сличен на iPhone 5, но сепак може да има надграден процесор, подобра задна камера, дополнителни бои, па дури да содржи и скенер за прсти.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -