Според се поголемите гласини за паметниот телефон, Apple најверојатно ќе го објави iWatch оваа година, па така воопшто не е чудно тоа што почнуваме да слушаме шпекулации за компонентите кои ќе бидат заедно склопени пред компанијата да започне со производството на уредот.
Јапонскиот блог Macotakara тврди дека во новиот извештај од тајванскиот Economic Times пишува дека Apple тестира 1.5-инчен OLED дисплеј, произведен од страна на RITEK RiT, за својот претстоенsmartwatch. Исто така, Macotakara информира дека според претходните гласини iWatch требаше да има 1.8-инчен дисплеј, но по се изгледа дека Apple можеби размислува за намалување на големината на уредот, доколку панелите навистина даваат 1.5-инчен изглед.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk