Apple наскоро со нов додаток iPen

Apple доби право на користење на нов додаток за iOs уредите од страна на Американската агенција за заштита на патенти и трговски марки во вид на функционално пенкало за управување со смартфон и таблет. Сепак, функционалното пенкало или Stylus не беше посакувано од Стив Џобс на почетоците на i-ерата, а исто така помина доста време откако Samsung и останатите производители го етаблираа користењето на овој додаток, па се сомневаме како ќе успее Apple да го примени и да ги убеди купувачите дека им е потребен iPen.

Популарно наречениот додаток iPen ќе има голема прецизност при внесување на текст и со него ќе се воведат голем број на нови функции, но сега сите ќе коментираат дека Apple го имитира S Pen додатокот на Samsung кој е наменет за фаблетот Galaxy Note и за таблетите од серијата која го носи истото име.
На овој начин се погласни се шпекулациите дека наскоро ќе видиме нов таблет од Apple iPad Pro кој ќе има 12 инчен екран, па затоа функционалното iPen пенкало совршено ќе послужи за работа со големиот таблет, а ќе може да се примени и кај останатите iOs уреди.

Доколку се сеќавате на првата промоција на iPhone Стив Џобс се пошегува дека отсега луѓето ќе го користат најголемиот изум, а воедно и најголемиот дар на природата, а тоа е сопствениот прст за екраните на допир, што изрично значеше дека Apple нема да користи функционални пенкала, но работите се менуваат. Еве дел од ставовите на Стив Џобс во врска со кoристењето на функционално пенкало, односно Stylus.

Текстот е објавен во соработка со Telefoni.com.mk

- Реклама -