Apple ја претстави најновата телевизиска реклама за iPhone на кој е вклучена и FaceTime апликацијата која овозможува едноставен чет- “лице во лице”.
Оваа реклама во принцип ги покажува сите видови на луѓе кои се зависни од таа прилично значајна конекција со видеото. Оваа реклама совршено се вклопува во новиот принцип на Apple и мото кое во иднина ќе го следи кога станува збор за рекламите, а тоа е истакнувањето на сите кул опции и карактеристики и нивните примени во секојдневниот живот, претставени во еден смирен тоналитет без да се обидуваат да говорат лошо против своите конкуренти.
Секако, Apple е горд на она што го може iPhone-от и ја завршува оваа реклама со реченицата “More people connect face to face on the iPhone than on any other phone.” (Многу луѓе се поврзуваат лице во лице на iPhone, отколку на било кој друг телефон)
[youtube]http://youtu.be/iu1jHtf_oUc[/youtube]
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk