Apple и Intel работат заедно на создавањето на нов паметен рачен часовник опремен со Bluetooth, пренесуваат кинеските извори за технологија.
Часовникот ќе се поврзува со iPhone, овозможувајќи им на корисниците да работат на телефонот од нивниот зглоб. Ќе може да се праќаат СМС-пораки, да се одговара на повици, па дури и да се објавуваат статуси на Facebook, а сето тоа ќе може да се прави додека смартфонот ви е во џеб.
Има огромна побарувачка за часовникот. Годинава Kickstarter собра повеќе од 10 милиони долари за Pebble паметниот часовник за повеќе од 70.000 луѓе кои биле заинтересирани за него. Петстотини илјади долари од целокупната сума биле собрани уште во првиот ден на веб-сајтот на Kickstarter.
Pebble допрва треба да им стигне на клиентите, но компанијата им дозволи на купувачите кои не го поддржале Kickstarter да го нарачаат часовникот сега за 150 долари.
Уште еден паметен часовник, направен од Martian, се очекува да биде достапен на почетокот на наредната година. Тој е дизајниран да изгледа повеќе како класичните рачни часовници, со тоа што е додаден мал LED екран каде што корисниците би ги гледале пораките, повиците, како и известувањата од Facebook, Twitter и Gmail.
Часовникот исто така прифаќа повици, и поддржува интеграција со Siri. [Apple SmartWatch Rumored for 2013 Launch]