Бесплатниот француски весник
20 Minutes ги доби своите 15 минути слава со публикација на фотографија
од iPhone на насловната страница. Ова се случи на денот на големите
најавувања од страна на Apple на годишниот Expo во Париз.
Бесплатниот француски весник 20 Minutes ги доби своите 15 минути слава со публикација на фотографија од iPhone на насловната страница. Ова се случи на денот на големите најавувања од страна на Apple на годишниот Expo во Париз.
Според Herald, славата на весникот по експресно објавената информација се претворила во инфамија кога станало јасно дека се работи за лажна фотографија на продукт што не постоел во палетата на Аpple. Шпекулациите се дека оваа грешка настанала од неинформираноста на новинарите како и нивната желба продуктот навистина да постои.
Всушност, оваа слика била создадена од Британската агенција за дизајн Mdi Digital, која ја креирала за свои интерни потреби.