Apple губи милијарди поради iPhone 5S и iPhone 5С

Apple не успеа да го повтори успехот од минатата година кога откако го претстави iPhone 5 акциите на компанијата пораснаа до рекордни 705 долари за една акција. Во денот на презентацијата цената на акциите паднала за 2,28% до ниво 494,64 долари. Но со секој нареден ден ситуацијата станува се полоша.

Вчера акциите на Apple паднаа за уште 5,44% и веќе чинат 467,71 долари за акција. Така капитализацијата на Apple само за еден ден падна за 24,5 милијарди долари и во моментот изнесува 424,9 милијарди.

Аналитичарите сметаат дека причината за ова намалување на цената на акциите е тоа што Apple неуспеа да ги задржи во тајност спецификациите на iPhone 5S и iPhone 5С, а освен тоа тие и така не се многу импресивни.

0AAE_523168DA

Многу експерти пред промоцијата беа уверени дека iPhone 5С нема да биде многу ефтин модел, но никој не очекување дека цената на акциите ќе биде толку висока – 549 долари за верзијата со 16 GB. Тоа всушност влијаеше врз сегашната загуба на пазарна капитализација.

Според информациите на DigiTimes, со таква цена за буџетските телефони Apple нема да успее да ги засили своите позиции на перспективни пазари во Кина и Индија, затоа што iPhone 5С не може да конкурира ниту на сегментот на ефтини телефони, ниту на средниот сегмент.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -