Apple и Google во борба за патентите на Kodak

Нови извештаи налагаат дека Apple и Google се обидуваат да купат 1100 патенти на Kodak откако компанијата започна процедура за прогласување на банкрот.

Двете компании сакаат да ги зацврстат своите интелектуални права и токму тие се најсериозните натпреварувачи колекцијата патенти на Kodak. Според извор на Wall Street Journal „Apple заедно со Microsoft Corp. и фирмата за агрегација на патенти Intellectual Ventures Management LLC ќе создадат групација која ќе наддава за патентите.“

Неименуваниот извор додал: „Другиот конзорциум е составен од Google, агрегаторот на патенти RPX Corp. и три хардверски компании кои прават телефони базирани на оперативниот систем Android.“

Според овој потег и желбата за купување на патентите на Kodak означува можни подобрувања кај фотографската технологија во смартфоните на Apple и Google. Дали вие би биле заинтересирани за подобрување кај вашиот смартфон или сте задоволни со сегашната понуда? [Apple and Google are bidding on Kodak’s patents]

Прочитајте и:  За да ја сруши доминацијата на iPad, Google ги спојува ChromeOS и Android
- Реклама -