Apple штотуку го објави долгоочекуваниот Apple Watch настан.
Тој ќе се одржи на 9-ти март. Компанијата денеска ги покани медиумите привилегирани да присуствуваат, во Yerba Buena Center во Сан Франциско. На настанот на Apple Watch очекуваме да ги слушнеме и конечните цени и детали за производот, како и уште малку информации во врска со неговите функционалности. Слоганот на настанот е „Spring forward“, што е очигледна референца кон времето и часовникот.
Apple Watch доаѓа со неколку иновативни и целосно нови технологии. Една од нив е т.н „дигитален допир“. Со соодветна апликација која се стартува со копчето под круната, корисниците на часовникот можат да комуницираат едни со други само преку допир. Паметниот часовник на Apple поддржува интеграција со гласовниот асистент на iOS – Siri. Со притискање и држење на круната корисниците можат да поставуваат гласовни команди, за да ги контролираат функциите на Apple Watch, или да диктираат пораки.
Apple Watch е првиот паметен часовник кој користи круни (како нешто поразлично од копчето), што компанијата го нарекува „дигитална круна“ и игра клучна улога во навигацијата на часовникот.