Пред не повеќе од 24 часа, Apple го лансираше новиот таблет компјутер кој моментално работи на iPhone OS и има опции како мултитач, интернет сурфање, голем екран од 25см итн. Според Стив Џобс, тој е наменет за да го редефинира читањето весници, гледањето телевизија и сл. – споредуван во епитетите со неговиот претходник iPod кој ја реформираше музичката индустрија. Меѓутоа, за цена од $499 до $829, мислиме дека треба да ги дознаете сите недостатоци на овој толку очекуван и преценет уред пред да решите да го купите.

{youtube}NRQ0Aq1XzdE{/youtube}
ЦЕНА
Модел 16GB 32GB 64GB
iPad Wi-Fi $499 $599 $699
iPad Wi-Fi + 3G $629 $729 $829
СПЕЦИФИКАЦИИ
Екран 9.7 inches (25 cm) IPS LED backlit LCD, 1 GHz Apple A4 system-on-a-chip процесор, 1024×768 pixel, 20cm × 15cm, 132ppi графика, непознато е колку RAM ќе има, флеш меморија по избор 16, 32 или 64 GB, 3G интернет 7.2 Mbit/s HSDPA, тежина 730g и големина 24.3см x 19см x 1.3см.
НЕДОСТАТОЦИ
1. Нема мултитаскинг, што значи нема да можете да сурфате и да слушате музика во исто време!!!
2. Нема камера ниту на предниот, ниту на задниот дел
3. Нема HDMI излез за гледање HD видеа
4. Нема Flash, така што нема да можете да играте флеш игри на интернет, ниту да имате комплетно сурферско доживување со веб-страниците кои поседуваат флеш анимации
5. Има премногу адаптери – ако сакате да поврзете USB ќе ви треба адаптер
6. Екранот не е widescreen, туку 4:3!
7. Може да ги користите само апликациите од продавницата за апликации на Apple
За повеќе информации околу опциите и недостатоците на iPad посетете ги страниците наведени подолу и оставете коментар.
Би сакале да го слушнеме вашето мислење — дали би го купиле?
8 Things That Suck About the iPad | 10 Things Netbooks still do better than an iPad