Apple ги претстави новите iPhone 6S и iPhone 6S Plus

Откако ги сподели со јавноста иновациите кај Apple Watch, новиот 12.9 инчен таблет и сè што е ново кај Apple TV, на крајот на големиот настан денеска во Graham Civic Auditorium во Сан Франциско, Apple ги покажа и новите модели на iPhone.

Како што се очекуваше, новите паметни телефони на компанијата ги носат имињата iPhone 6S и iPhone 6S Plus.

Новите модели ќе се нудат со ново алуминиумско куќиште во сребрена, златна, космичко-сива и розово-сребрена боја.

Смартфоните на iPhone ќе располагаат со нова функција по име 3D Touch. Што значи тоа?  Се работи за препознавање на јачината на допир на екранот. Оваа опција веќе е претставена на паметниот часовник на Apple и на дел од моделите на лап-топ како Force Touch. Така, ако вашите пријатели ви испратат линк во порака, на пример, ќе можете да ја отворите страницата со посилно притискање на линкот.

2

Новите модели на iPhone користат чип A9. Тој е за 70% побрз во однос на обработката на информациите и за 90% побрз од претходниот чип во однос на графиката.

Новите телефони имаат нов TouchID сензор кој е два пати побрз и располагаат со 12 мегапиксели iSight камера, какви што впрочем беа и очекувањата.

- Реклама -