Apple ги претстави двете нови телевизиски реклами во понеделникот кои ги презентираат новите функции на „iPhone 5“.
На една од двете 30-секундни реклами, која е наречена „Brilliant“ е демонстрирано како корисниците плаќаат за нивните „Старбакс“ производи со помош на „Passbook“, iOS апликација која ги зачувува сите видови на билети без да морате да ги испечатите. Поддршката „Passbook“ за „Старбакс“ ќе стане достапна во почетокот на октомври.
Рекламата исто така ја покажува и „MyScript Calculator“ апликацијата која им дозволува на корисниците да го решат било кој математички проблем.
Другата реклама на Apple, „Discover“, ги става во фокус новите „шопинг“ функции и музичките способности. Апликацијата „Apple’s Maps“ исто така зазема мал простор во промотивното видео.
[youtube]http://youtu.be/kQxl8fuwrgs[/youtube]