Деновиве компанијата Apple ќе го купи производителот на електрични возила Tesla Motors, пишува на својот интернет блог претприемачот Џејсон Калаканис, кој е еден од инвеститорите во компанијата за транспортни услуги Uber и поранешен директор на Netscape.
Гласините за ваквите намери се шират веќе доста време, а се „подгреаја“ во целост кога кон крајот на минатата година еден од шефовите на Apple се сретнал со сопственикот на Tesla, Елен Маск. Според изданието 3DNews тие разговарале токму за претстојното спојување на двете компании.
Калаканис е на мислење дека има неколку главни причини за купување на Tesla. Имено, минатата недела „прцуреа информации“ дека во Apple е формиран тим од неколку соработници кои работат на таен проект под името Titan. Се претпоставува дека во случајов станува збор за создавање на електромобил. А, купувањето на Tesla ќе му овозможи на компјутерскиот гигант да го забрза процесот и наскоро да се појави на пазарот со сопствен производ. Освен тоа, се тврди дека во Apple развиваат сопствен автономен модел за автомобилскиот пазар. Во оваа сфера Tesla исто така има значително искуство, бидејќи создава системи кои им овозможуваат на транспортните средства да се движат без возач.
Друга причина за евентуална зделка е дека во Apple се сериозно заинтересирани за изградба на голема фабрика за производство на литиум-јонски акумулатори, што Tesla треба наскоро да ја стартува. Ако добие контрола над претпријатието Gigafactory, компанијата ќе може целосно да ги задоволи своите потреби за набавка на извори за напојување на мобилни уреди.
Според Калаканис, сопственикот на Apple, Тим Кук, ќе се обиде да ја заврши трансакцијата за купување на Tesla Motors за 18 месеци. Се очекува за производителот на електрични возила да бидат платени 75 милијарди долари.