Apple штотуку доби патент за 5D технологија. Што е тоа 5D? Дали некој од Apple патувал во иднината и се вратил со нешто сè уште непознато? Со кои вонземјани комуницираат од компанијата?
Сепак 5D е само егресивна маркетинг кампања за патент со голем опсег на апликации за гледање телевизија, играње видео игри и многу друго. Како возење во забавен парк ставено на стероиди. Овој систем користи контролирање на видео игри со гестови, како Kinect или Wii, видео конференции и нараквици за виртуелна реалност за создавање супер-имерсивна забава.
Нараквиците, како што се опишани, би можеле да ја променат нивната отпоност на електромагнетни сили, топлина, воздух и друго. Патентот опфаќа и технологија за тактилен фидбек – што значи способност за стартување на футуристички автомобил или сигнална направа со отпечаток од раката наместо клуч или копче.
И во верзијата на нашата 5D иднина која ни ја планира Apple екраните чувствителни на допир нема да имаат потреба од капацитивен панел; би можеле да бидат од било кој материјал. За жал сè уште не е јасно во каков производ би требало да ја очекуваме оваа нова технологија. [Apple gets patent for TV and 5D tech]