Apple денес лансира 8GB верзија на iPhone 5c

Apple сеуште не ја има објавено официјалната бројка на продадени iPhone 5c уреди, но гласините велат дека продажбата не се одвива на начинот на кој се надеваше компанијата, односно iPhone 5c не е толку популарен и посакуван како неговите два претходници.Според О2 (Германија) компанијата со седиште во Купертино се обидува да го пробие убавецот на пазарот на начин кој ќе го направи привлечен за купувачите, така што ќе лансира модел, односно верзија со 8 GB, кој ќе се продава за 60 евра помалку од сегашниот модел од 16GB.

Според сликата обајвена подолу, јасно е дека не станува збор за никаква шпекулација и уредот е веќе во подготовка, односно веќе од денеска тој е во официјална продажба.

Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -