Апликацијата „Сигнал“ ја подобрува приватноста, ќе им овозможи на корисниците да користат кориснички имиња за контакт

Американската компанија „Сигнал“, позната по истоимената програма за дигитална комуникација, воведува дополнителни мерки за заштита на приватноста на корисниците, така што тие во иднина ќе може да употребуваат кориснички имиња наместо своите телефонски броеви за контакт.

„Вашиот телефонски број веќе нема да биде видлив за сите луѓе на апликацијата ‘Сигнал’. Ќе може да контактирате со кого било без да го споделите бројот, и да контролирате кој може да Ве најде на апликацијата“, соопшти компанијата на својата страница.

Тоа значи, ако направите корисничко име, тоа ќе биде невидливо на профилот. Луѓето на кои им испраќате пораки во апликацијата исто така не можат да го видат или најдат корисничкото име, освен ако не го споделите со нив. Клиентите може да создадат корисничко име преку поставките на нивните профили и тоа мора да содржи два или повеќе бројки на крајот.

Опцијата за кориснички имиња во мигов е достапна во бета-верзијата, а ќе биде достапна и за сите корисници наредниве седмици. За „Сигнал“ засега сѐ уште е потребен телефонскиот број кога корисникот се регистрира на апликацијата.

- Реклама -