Апликација ги претвора вашите Instagram слики во стикери за нокти!

Вашето следно selfie лесно може да се претвори во вашиот нареден маникир. Ентузијастите за украсување и маникир на нокти ќе ги исполнат своите најлуди соништа и фантазии со NailSnaps – апликација која им овозможува на корисниците да создадат стикери за лакирање на нокти користејќи ги нивните слики.


Корисниците избираат слика од сет дигитални нокти инспирирани токму од сликите кои се постираат на Instagram. Потоа се создава континуирано дизајнот кој е избран додека прстите ги држите исто како да сте на маникир. Оттука стикерите се принтаат и се испраќаат насекаде низ светот.


Со оваа апликација сите слики оживуваат и траат подолго време, а морате да признаете и дека ќе налетате на навистина уникатни дизајни за кои не ви е потребно многу време за да ги создадете.

Прочитајте и:  Инстаграм ќе ги ограничува содржини на профилите на тинејџерите

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -