Апелацискиот суд во САД прогласи голем дел од американските царини за незаконски, тврдејќи дека со нивното воведување претседателот Трамп ги пречекорил своите овластувања. Сепак, царините засега остануваат на сила.
Со седум гласа наспроти четири, судиите пресудија дека американскиот претседател Доналд Трамп немал право да воведува царини на многу земји низ целиот свет. Тие го „распарчија“ неговиот аргумент дека трговскиот дефицит или дури и шверцот со дрога претставуваат вонредна состојба против која тој може да воведува царини. Според апелацискиот суд, само Конгресот има вакво овластување.
Нил Катијал е воодушевен. Тој застапува дел од тужителите, вклучително и еден трговец со вино од Њујорк. Катијал на Си-Ен-Ен зборуваше за победа на Уставот. Судот, вели тој, со големо мнозинство го отфрлил ставот на претседателот Трамп дека тој може да прави што сака, кога сака. „Тој рече: Не, Уставот поставува ограничувања, а едно од тие ограничувања, господине Претседателе, е дека не можете сами да воведувате царини.“
Повеќе тука




