Државјаните на соседните држави кои немаат закажан термин за вакцинација, да не доаѓаат во Србија, затоа што нема да бидат вакцинирани, апелираше денеска директорот на српската Канцеларијата за е-влада – Михаило Јовановиќ, пренесуваат српските медиуми.
Јовановиќ потсети дека има договор меѓу стопанските комори во регионот за вакцинирање на бизнисмени, а сите што се пријавиле на тој начин и добиле термин преку порталот за е-влада, ќе бидат вакцинирани.