Поради опасност од ширење на пожарот во Неготинско, упатен е апел, жители од неколку села да ги напуштат живеалиштата. Вакво соопштение штотуку издаде Штабот за заштита и спасување на Општина Неготино.
– Се упатува апел до населението во општина Неготино и тоа во селата Пештерница, Бела Вода, Калањево, Липа, Брусник и околните места, да ги напуштат своите живеалишта/престојувалишта и да се засолнат на безбедно место во градот или околните села што не се зафатени од пожарот, поради опасноста од забрзано ширење на истиот, се вели во соопштението.