Апчињата за контрацепција се опасни

Таблетите за контрацепција можат да предизвикаат формирање на тромб кај жените кои што ги пијат како средство за заштита од бременост.

Формалното предупредување е направено од Европската агенција за лекови (ЕМА).

Информациите за кои со години се шпекулираше дефинитивно се потврдени. Имено, лекарите предупредуваат дека апчињата за контрацепција со себе носат висок ризик од згрутчување на крвта.

Според ЕМА специјалистите, треба внимателно да се разгледува ситуацијата пред да препишуваат апчиња за  контрацепција на секоја жена.

Ризикот се крие во синтетичките хормони во таблетите кои што го зајакнуваат ризикот од венска тромбоза.

- Реклама -