„Се моли Шекеринска да иде у пи*ку матер. Од Карпалак, па лево! #МинистеркаЗаОдбранаНаУЧК“, напиша лидерот на Левица – Димитар Апасиев, на Фејсбук, на денот на 19-годишнината од загинувањето на десетте армиски резервисти кај Карпалак.
Статусот собра преку 6.000 реакции на Фејсбук, а јавноста реагира дека дрскоста и вулгapноста на Апасиев овојпат ги поминала границите на дозволеното политичкото однесување
На изјавата на Апасиев, кој заедно со сопартиецот Борислав Крмов е дел од новиот пратенички состав, реагираше портпаролот на СДСМ – Костадин Костадинов, порачувајќи му „да оди во триста СЈО“ и да ги врати народните пари што ги земал од Специјалното јавно обвинителство и дека фaшиcти како него на државата не ѝ требаат:
До овој момент нема реакција на министерката за одбрана. Последниот статус на нејзиниот профил се однесува на зaгинатите припадници на АРМ кај Карпалак и положувањето цвеќе од страна на делегацијата на Министерството за одбрана.