Апасиев побара од Џафери да ја води седницата бидејќи не е спречен во тоа, Собранието на уште еден час пауза

Скопје, 11 ноември 2021 (МИА) – По повеќе од еден час продолжи, па по само неколку минуити беше прекината собраниската седница за гласање доверба на Владата. Овој пат Димитар Апасиев од Левица побара, повикувајќи се на член на Деловникот, претседателот на Собранието Талат Џафери да дојде во салата и да ја води седницата бидејќи не е спречен за тоа. Потпретседателот на Собранието Фадил Зендели по ова даде уште еден час пауза.

Апасиев рече дека неговото обраќање е во врска со член 60 и 61 од Деловникот за работа на Собранието.

-Согласно овој член став 1 алинеа 2 претседателот на Собранието ги свикува седниците и претседава со нив, и тоа е ставено како право и должност на претседателот. Додека во делот на членот 61 вели дека потпретседателите, тоа сте вие и господинот Мисовски, кој е отстутен му помогаат на претседателот на Собранието и вршат други работи од неговиот делокруг. Ставот 3 вели дека Во случај на спреченост или отсуство на претседателот на Собранието го заменува еден од потпретседателите според однапред утврден редослед при што ќе се води сметка за подеднакво вклучување на потпретседателите, рече пратеникот на Левица.

Прочитајте и:  Мециновиќ: Со малограѓански сценарија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сакаа да избегнат одговори на прашањата поставени од Левица

Според него, Деловникот познава две ситуации тоа е спреченост и отсуство на претседателот.

-Ние видовме дека претседателот Џафери ниту е спречен ниту е отсутен односно тој е присутен во зградава па согласно тоа барам еден час пауза да дојде претседателот и да ја води оваа седница бидејќи не се исполнети деловничките услови тој да отсуствува од истата, рече Апасиев.

Претходно, пауза имаше на барање на заменик-координаторката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска откако стана јасно дека опозицијата нема кворум за официјално отпочнувње на седницата и мнозинство за изгласување недоверба бидејќи Кастриот Реџепи од Беса, иако потпишан на иницијатвата, не дојде на седницата.

Во меѓувреме во Собранието пристигнаа и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски и на Беса Билал Касами.

- Реклама -