„Датум не добивме, ама затоа ќе добиеме не едно, не две, не три – туку 1.000 ќебиња помош од ЕУ“, ја коментира на Фејсбук професорот Димитар Апасиев донацијата во шатори, душеци и ќебиња како помош од Механизмот за цивилна заштита на Унијата за справување со корона-кризата.
„Што исплива на површина во ЕВРОПА во време на корона, драги мои? Исплива фактот дека Европската унија никогаш не ни станала ништо повеќе од ‘заедница за јаглен и челик’! Што ќе рече – освен збирштина географски простор, кој служи единствено на интересите на крупниот капитал, Европа како политичка идеја – не постои“, пишува Апасиев.