Фејсбук статус на Димитар Апасиев, претседател на Левица
Тоа што вие не знаете, не значи дека во светот нема изборни модели што се поправични од факинг Донтовиот.
Еве, на пример, таков е т.н. БАДЕНОВ СИСТЕМ, воведен со Уставот на Баден (1919), токму со цел надминување на нелогичностите на Донтовиот… Според овој систем, политичките партии, за време на изборите, покрај во секоја изборна единица – доставуваат плус една т.н. ОПШТА ЛИСТА (за целата држава)! Неискористените гласови од посебните партиски листи на сите изборни единици, наместо да одат во ветер и воопшто да „не се бројат“ како да не постојат, се пренесуваат на оваа општа листа и се делат со законски утврден количник, како основ за доделувањето мандати.
На примерот со Левица, тоа би изгледало вака: ќе си ги префрлевме нашите освоени, а неискористени 15.000 гласови од сите шест изборни единици, и ќе имавме минимум плус двајца пратеници. 😉
p.s. Има начин, ама нема волја. Ама, па, и ние сме упорни тиќиња! Ќе ве натераме и ќе го промениме овој шизофрен систем кој ја фалсифукува народната волја.
#КнигиТребитЧитање