Апасиев ќе ги пријави тие што го пријавиле, за „лажно пријавување“

Лидерот на Левица – Димитар Апасиев, сѐ уште не ја добил поканата од Обвинителството да оди на распит поради отворениот предмет против него за неговите Фејсбук статуси.

Во изјава за „Сител“, тој вели дека нема никакви елементи во неговото „Џабе ни се лижете, сите ќе ве стpeламе“:

„За разлика од политика, каде што сум можеби нов, во правото сум професор. Ако е конкретно за тој Фејсбук статус, таму нема елементи на ниту едно кривично дело од нашиот Кривичен законик и после отфрлањето на кривичната пријава ќе биде поднесена контра-пријава од моја страна, против тој што ме пријавил, за лажно пријавување, и ќе ги добиеме судски“, изјави Апасиев.

Прочитајте и:  Инцидент во Собранието, за малку избегната физичка пресметка меѓу Апасиев и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

Прашан за евентуални покани и преговори за коалицирање, Апасиев рече дека засега нема, но и не очекува Левица да добие такви понуди:

„Веројатно знаат дека сме специфични за преговарање, досега нема контакти. Искрено, не ни очекувам, бидејќи ние ќе делуваме во Собрание, претпоставувам, како опозиција на било која Влада“, вели Апасиев, кој смета дека преговорите за формирање влада, и тоа поради, според него, конкретна причина:

„Ќе биде многу тешко да направат влада, со невозможни експанзионистички барања на албанскиот блок…“, изјави лидерот на Левица, која е единствена вонпарламентарна партија што на овие избори влегува во парламентот со најмалку две пратенички места.

 

- Реклама -