Апасиев ги повика сограѓаните Албанци да застанат рамо до рамо со Македонците против Османи

„Драги сограѓани АЛБАНЦИ. Замислете ваква ситуација: Република Албанија да има министер за надворешни работи етнички Македонец и тој, во име на сите Албанци, да преговара со Република Турција за тоа дали Скендер Бег е Албанец или Турчин!? Дали ќе се осеќате пријатно? Дали тоа нема да ве фрустрира?“, се вели во обраќањето на социјалните мрежи на претседателот и пратеник на Левица – Димитар Апасиев, конкретно упатена до граѓаните кои се етнички Албанци.

„Е токму тоа нас ни го прави Бујар ОСМАНИ од ДУИ! Во име на Македонците преговара со Бугарите што биле Кирил, Методиј, Климент, Наум, Самоил, Гоце… Со кое право? Со чие полномошно?“, додава Апасиев, па повикува на поддршка:

Прочитајте и:  Мециновиќ: Со малограѓански сценарија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сакаа да избегнат одговори на прашањата поставени од Левица

„Затоа, драги сограѓани Албанци. Сега, во овие драматични моменти, кога дрско и тајно се распродава нашиот идентитет во Софија, сега е моментот да го осудите Османи и да застанете рамо до рамо со нас, вашите вековни комшии!

Смрт на фашизмот, слобода на народот! #БујареОтстапиЗаДобротоНаСите“, порачува пратеникот.

- Реклама -