Апасиев: ДПМНЕ вечерва да рече „бојкотираме“, утре пописот ќе биде одложен!

Претседателот на Левица – Димитар Апасиев, смета дека улогата на ВМРО-ДПМНЕ во пописот е „симптоматична“.

Во вчерашното гостување на „Само вистина“ на ТВ „Канал 5“, тој оцени дека пристапот на најголемата опозициска партија кон пописот е „ни риба ни девојка“, со 100 илјади собрани потписи кои не им се валидни и со закон кој не им е ставен на дневен ред на седница.

Иако не му е јасна нивната цел, Апасиев е уверен, а ги уверува и граѓаните, дека доколку ВМРО-ДПМНЕ отворено прогласи бојкот на референдумот, тоа ќе значи и негово одложување:

„Јас ви гарантирам, ви тврдам со сета одговорност, дека ВМРО-ДПМНЕ вечерва да рече ‘бојкотираме’, утре пописот ќе биде одложен. Утре“, изјави тој во „Само вистина“.

Прочитајте и:  Мециновиќ: Со малограѓански сценарија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сакаа да избегнат одговори на прашањата поставени од Левица

Како што истакна тој, неговите очекувања се дека членството на ВМРО-ДПМНЕ ќе инклинира кон бојкот, а со тоа и раководството ќе мора да го следи.

- Реклама -