„Денес, за прв пат во историјата на Македонија, претставници на угнетената класа станаа полноправни членови на Законодавниот дом!“, велат од партијата Левица, чии двајца пратеници – лидерот Димитар Апасиев и Борислав Крмов, денеска присуствуваа на конститутивната седница во Собранието.
„Нашата искрена и бескомпромисна борба за праведна и слободна РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – градена со автентичен политички активизам – денес доби парламентарен облик преку кој ќе поставиме нови стандарди на политичко делување. Борбата за правда е долга и племенита – и истата допрва започнува! 🇲🇰 “, велат од Левица.
Од партијата додаваат и дека нивните пратеници во Собранието пристигнале со велосипед, како што беше и најавено. Видеото можете да го погледнете ТУКА.
Во меѓувреме, на социјалните мрежи се огласи и Апасиев, со порака: „Чим им влеговме, нема излегуење“.