Апасиев: Ако Алијанса, Алтернатива и Беса не ја искористат историската шанса во четврток, на следни избори ДУИ ќе ги прегази како шлепер жаба

„Ако пратениците на Алијанса, Алтернатива и Беса не ја искористат историската шанса во четврток да го стават ДУИ во опозиција, тогаш на наредни избори (кога и да бидат) ќе бидат прегазени токму од ДУИ како шлепер жаба и никогаш нема да се повратат“, порача претседателот на Левица – Димитар Апасиев, на Фејсбук, откако денеска Скендер Реџепи потврди дека не сака неговиот потпис да стои заедно со потписите на Левица и изјави дека бил излажан.

Доколку опозицијата од албанскиот блок не ја искористи историската шанса, на следните избори ДУИ од позиција на власт ќе освои 18 пратеника, а тие максимум 9, прогнозира Апасиев, со апел мудро да се изигра.

Прочитајте и:  Инцидент во Собранието, за малку избегната физичка пресметка меѓу Апасиев и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

„Затоа, памет у глава – емоции на страна и се гледаме на седница. Оти, политика е ШАХ“, порача лидерот на Левица.

- Реклама -