Апартман за луѓе со префинет вкус

Различни луѓе, различни домови. Овој денеска е наменет за оние со префинет вкус. Толку е шармантен што нема шанса да не „паднете“ на него.

Се простира на површина од 302 метри квадратни и има 8 соби. Најмногу впечаток оставаат полиците за книги вградени во ѕидовите на дневната соба. Комбинацијата на бои е направена со многу вкус и создаваат впечаток на топлина во домот. Ентериерот е збогатен со слики и скулптури што му даваат уникатност на просторот. Овој апартман има уште една добра страна – се наоѓа на покривот на една зграда и има две тераси.

Погледнете

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18

- Реклама -