Темни ѕидови, темен мебел, темни завеси, темен паркет … Звучи ептен темно, но откако ќе ги разгледате сликите на овој апратамам во Гетеборг, Шведска, всушност, ќе видите дека атмосферата е одлична.
Кујнските елементи, гардероберот во спалната соба и библиотеката во дневната соба се обоени исто како и ѕидовите – во сива боја. Во контраст со нив се белите врати и белите плочки на ѕидот во кујната, како и големите шарени слики, распоредени во секоја од собите. Контраст прават и шарените теписи, перници и столици.