Апартман како од соништата, ама буквално

До сега објавивме многу апартмани за кои рековме дека се како од соништата. Некои од нив беа големи, некои луксузни, некои фантастични, а некои едноставно како од бајките. Овој што денеска ви го прикажуваме е сѐ од наведеното.

Се наоѓа во Санкт Петербург и во него се споени традиционалното и модерното. Мебелот е во бела и крем боја што создава чувство на мекост, удобност и романтичност. Едноставно совршено место за почеток и крај на денот.

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12

Прочитајте и:  Зимата и затворениот прoстор значат поголема опасност од мувла
- Реклама -