Аогашима, скриен јапонски тропски остров

Аогашима (синиот остров) се наоѓа во Филипинското Море, на преку 300 километри јужно од Токио. И покрај огромната оддалеченост, овој тропски, вулкански остров се води како дел од главниот град на Јапонија.

Аогашима претставува административно-политички дел од Токио, заедно со, во најголема мера ненаселените острови Изу. Со оглед на далечината од Јапонија, никој не очекува Аогашима да биде најпопуларната дестинација за живеење. Според последниот попис, на островот живеат едвај 200 жители, но на островот има пошта и училиште.

До овој специфичен тропски остров со вулканско потекло може да се стигне на два начина – со хеликоптер или со брод. Постои едно мало пристаниште на кое се закотвуваат бродовите, но тоа е многу често неупотребливо, поради страшните бури кои го зафаќаат местото. На островот постои и систем на камери за надгледување на пристаништето, без некој да биде физички присутен таму, за да знаат кога може,  а кога не може да се користи овој приод.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

Ако успеете да пристигнете на островот, таму нема голем број активности на кои ќе можете да го трошите времето. Единствената вистинска атракција е двојниот вулкан – целиот остров е вулкански кратер, а во средиштето има помал вулкан, со геотермални извори крај кои може да се кампува. Ова е совршена локација за луѓе кои сакаат да избегаат од гужвите на секојдневието, на изолирано, а прекрасно место. [Japan’s Hidden Tropical Island: Aogashima]

- Реклама -