Антикорупциска ќе ја „чешла“ имотната состојба на Иванов

По допрен глас и согласно членовите 92 и 85, Државната комисија за спречување на корупцијата ќе го „чешла“ и имотот на претседателот Ѓорге Иванов, соопшти денеска претседателката на ДКСК – Билјана Ивановска.

Целта на проверката е да се утврди со колку имот се стекнал претседателот во заминување, кое ќе се случи на 12 мај годинава, во текот на своите два мандата.

 

Освен предизборните унапредувања и именувања во Армијата кои Иванов ги потпишал во предизборен период, Антикорупциска ќе ја проверува и информацијата објавена од „ТВ 24“ – дека Иванов купил два стана на Водно, кои во катастарската документација се на име на неговиот син Иван.

Прочитајте и:  Антикорупциска иницира постапка против Костадиновска Стојчевска за злоупотреба на буџетски средства за приватни цели

Од Кабинетот на претседателот реагираат дека указите се донесени на предлог на Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, согласно нивните надлежности, при што се испочитувани одредбите од Изборниот законик и одредбите од Законот за спречување на корупција. Што се однесува до становите, од Кабинетот тврдат дека се работи само за еден стан, за чие купување е подигнат и кредит, а кој не е внесен во имотниот лист затоа што се уште не е исплатен.

- Реклама -