Капитенот на македонската репрезентација Перо Антиќ го потпиша договорот со Атланта Хоус. Кошаркарот ќе настапува во НБА тимот две години.
Генералниот менаџер на Атланта Хоукс соопшти дека е постигнат договор за ангажман со еден од најдобрите македонски кошаркари.
„Возбудени сме што го добивме Антиќ во нашиот тим затоа што сме свесни дека со него надополнуваме празнина во тимот, значајна алка која треба да ни донесе нов квалитет“, стои во соопштението објавено на официјалната страна на клубот.
Антиќ е првиот Македонец во НБА лигата. Тој ја започна кариерата во Работнички, по што се пресели во АЕК, па во Црвена звезда, Лукоил, Локомотив Кубан, Спартак Петерсбург, а во последниве две сезони беше дел од Олимпијакос со кој два пати ја освои Евролигата.