Антиќ во одбрана на Мекејлеб (видео)

Македонските кошаркарски репрезентативци Перо Антиќ и Лестер Бо Мекејлеб синоќа играа еден против друг на натпреварот меѓу Олимпијакос и Фенербахче што го обележа инцидентот меѓу Ејси Ло од грчкиот тим и Ромејн Сато од Фенербахче.

При расправијата Антиќ застана во одбрана на Мекејлеб од нападот на негов соиграч од Олимпијакос.

- Реклама -