Една група хакери која се нарекува себеси Anonymous ја објави првата онлајн војна против моќната Скиентолошка Црква.
Една група хакери која се нарекува себеси Anonymous ја објави првата онлајн војна против моќната Скиентолошка Црква.
Anonymous се организирана група на хакери, наводно одговорни за 90% од вкупниот интернет „тероризам“. Најпрво на Fox11 news се појави веста за нив во минатата 2007 година како за група хакери кои се нарекуваат себеси Anonymous и кои наводно ги хакираат профилите на корисниците на Myspace инфицирајќи ги со вируси. Не ограничувајќи ги своите вештини само на Myspace, на стотици сајтови се забележани нивните интервенции, вклучувајќи ја и детската видео игра Habo Hotel, каде што Anonymous вметнуваше анти-семитски пораки. Во пошироки рамки, оваа група неколку пати ја разгневи американската јавност со лажни предупредувања за бомби на 7 фудбалски стадиони низ САД , предизвикувајќи сеопшта паника и драстични сигурносни мерки.
Во нивната последна „операција“ и како одговор на видеото со Том Круз каде зборува за Скиентологијата, Anonymous и објави војна на Скиентолошката црква. Пуштајќи во оптек видеа на YouTube кои почнуваат со реченицата „За доброто на сите ваши следбеници, за доброто на целото човештво и за наше лично задоволство – ние ќе ве протераме од интернет и систематски ќе ја демонтираме целата Скиентолошка црква во оваа сегашна форма. Знаеме со колку моќен непријател ќе се соочиме, но подготвени сме за тоа“, хакирајќи ги веб страните на црквата и исклучувајќи ги.
Неодамна пуштија и видео прогласувајќи го 10 февруари 2008 година како ден за акција, охрабрувајќи ги нивните членови и онлајн приврзаници не само да им се придружат на нивниот онлајн напад туку и на протест пред Скиентолошката црква.
Ова е првата „онлајн војна“ објавена против некоја религија. За поточно инфо околу тоа што навистина е Скиентологијата, прочитајте го текстот на 365:
Скиентологија: Култот на алчноста
{youtube}QiiKM34sIQA{/youtube}