Анонимуси спречиле терористички напад на Италија

Месецов работиме во тишина. Веќе спречивме еден напад на ИС во Италија, а се надеваме дека ќе спречиме и други, објавија “Анонимуси” на Твитер.

IMG_1500-670x446-620x350
Анонимуси соопштија денес дека спречиле терористички напад на “Исламска држава” во Италија благодарение на тоа што по нападите во Париз ги интензивирале хакерските способности против џихадистите.

“Анонимуси” им објавија интернет војна на џихадистите, непосредно пред нападите минатиот месец во Париз, во кои животот го загубија 130 луѓе.

Не се објавени повеќе детали за планираниот напад во Италија.

Haker-laptop-kompjuter-programer-1-670x446

Експертите предупредуваат дека социјалните медиуми се едно од најмоќните оружја во рацете на IS, со помош на кои џихадистите комуницираат со луѓе ширум светот.

Активистите од “Анонимуси” неодамна објавија список на хаштази на Твитер каде, како што тврдат, се шири џихадистичка пропаганда.

 

- Реклама -