Аномалија на Арктикот

ЛофотенАрхипелагот Лофотен во Норвешка се наоѓа северно од Арктичкиот Круг. Но и покрај тоа во текот на целата година островите имаат температура која не одговара на положбата. Ова е поради најголемата позитивна температурна аномалија во однос на географската широчина.

ЛофотенРаните доселеници на островот сигурно помислиле дека налетале на арктички рај. Она што ги пречекало било море преполно со живот. Во регионот им буквално милиони морски птици меѓу кои има претставници на голем број видови, како морски орли и корморани. Видрите се честа глетка во областа, а на поголемите острови има и лосови. Доселениците го именувале еден од островите (денес познат како Vestvågøya) Лофотен, што на Нордиски значи „шепа на рис“.  Еден од другите острови (денес Flakstadøya) носел име кое значело „шепа на волк“ бидејќи островите навистина имаат облик кој потсетува на трагите на овие две животни. Денес, целиот архипелаг е познат како Лофотен и е регион во норвешката област Нордланд.
ЛофотенЛофотенПрвите доселеници најверојатно пристигнале пред неколку векови, но островот, главно поради климата, е бил користен како база за лов и преработка на бакалар веќе илјадници години. Vågan бил првиот официјално забележан град во овој дел од северна Норвешка и дефинитивно бил развиен во времето на Викинзите. Луѓето биле привелкувани во областа главно поради морскиот живот. Бакаларот, кој мигрира кон југ од Баренцовото Море се собира во Лофотен за мрестење и рибната индустрија долго време го искористува овој ритуал. Неколку векови Норвешка е местото од каде што големи количини бакалар се извезуваат во речиси цела северна Европа.
ЛофотенЛофотенОна што ја создава температурната аномалија се Голфската Струја, Норвешката Струја и Северноатлантската Струја. Еден поглед на вашата околина и на реките кои мирно течат низ пејсажот ќе ве натера да се запрашате дали навистина сте во Арктикот. Лофотен е добро познат во Норвешка по неговата неверојатна природна убавина, но неговата репутација се нема проширено на глобално ниво. Архипелагот е сместен на 68 и 69 паралела, северно од Арктичкиот Круг и сигурно е едно од најневеројатните природни убавини на планетата.
ЛофотенЛофотенАрхипелагот е најсеверната точка на планетава каде што просечната температура е над нулата во текот на целата година. Просечната температура во јануари е најниска, околу -1,5 степени целзиусови, додека летните месеци имаат просечна температура од 13 степени целзиусови – 24 часа дневно. Највисоката температура измерена на архипелагот била 30,4 степени целзиусови. Температурата може и не е многу висока, но кога ќе се сетите каде се наоѓа…
ЛофотенЛофотенОстровите се на толку голема гоеграфска широчина што можете да го искусите полноќното сонце. Од 26 мај до 17 јули, сонцето е над хоризонтот 24 часа дневно. Но, во зимата мора да бидете подготвени на целосен мрак од 9 декември од 4 јануари. Ниедна од овие две појави не е идеална за живот или среќа кај луѓето, што значи дека островите имаат лоша страна. Низ трите локални аеродроми секоја година поминуваат малку над 100000 патници (локално население и туристи) што значи дека архипелагот не е уништен како некои од попопуларните туристички места. Не е изненадување што местото е под заштита на UNESCO. А малата популарност надвор од Норвешка може да е и намерна. Сепак, дали вие би сакале да делите вакво место со остатокот од светот.
Лофотен

- Реклама -